Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Се сеќавате на Руби? Злобната заводничка шармантна во фотосесија 20 години по снимањето на теленовелата

Се сеќавате на Руби? Злобната заводничка шармантна во фотосесија 20 години по снимањето на теленовелата

Многумина од вас сигурно се сеќаваат на Руби.

Злобната заводничка од истоимената теленовела нè држеше пред екраните пред околу 20 години, а сега сними фотосесија за Harper’s Bazaar Мексико.

Барбара Мори Барбара Мори

Актерката Барбара Мори заводливо позираше пред објективот на Иван Агуиире во модели од врвни модни куќи како Ferragamo, Prada, Jacquemus и Louis Vuitton.

Барбара Мори

„Никогаш не сум носела брендови и работи кои се во тренд. Кога станува збор за облекувањето, сакам да ми биде удобно. Всушност, тешко ми е да излезам од мојата комфорна зона кога станува збор за облеката“ – признала Мори за модата, но додала дека кога е во прашање начинот на живот се однесува сосема поинаку.

„Животот не е за играње на сигурно. Животот е за живеење, истражување, ризикување, растење и лична трансформација. Ако останете во комфорната зона, ќе ја пропуштите можноста да се спознаете себеси, да учите од вашите грешки, да паѓате, бидејќи кога ќе станете, ќе бидете посилни. Секојпат кога излегувам од мојата комфорна зона, сфаќам дека сум способна да правам илјадници работи кои не знаев како да ги правам“ – рекла таа.

Барбара Мори Барбара Мори

Барбара имала тешко детство. Таа била малтретирана од татко ѝ, а нејзините родители се развеле кога имала само 3 години.

Запрашана која личност имала најголемо влијание врз нејзиниот живот, Барбара рекла: „Мажите во мојот живот, започнувајќи од мојот татко. Тој беше човек кој толку многу ме малтретираше од млада возраст, што учев за животот низ тоа насилство кое подоцна го барав кај останатите мажи. Мојата слика за мажите во мојот живот е нештото кое најмногу влијаеше на мене. Мислам дека благодарение на сите мажи кои сум ги имала покрај себе, јас сум она што сум“.

Сепак еден маж во нејзиниот живот имал најпозитивно влијание на неа, а тоа е нејзиниот син Маноло. Барбара стана баба на 36-годишна возраст.

„Мојот син ми е најголемиот учител кој некогаш сум го имала. Кога се роди тој, имав 19 години и не сакав да знам ништо за ништо. Тој дојде да ме научи дека има нешто за коешто вреди да се борам“ – рекла таа.

Барбара Мори Барбара Мори Барбара Мори

Барбара е родена во Уругвај, а се преселила во Мексико кога била многу мала. Вели дека најголема радост ѝ носи работата со болни деца преку нејзината фондација „Amor Infinito“.

„Им ги исполнувам соништата на болни деца веќе 12 години и тоа ме исполнува. Ништо не ме исполнува повеќе од мамењето насмевки на лицата на малечките кои наскоро ќе го напуштат овој свет и овозможувањето на искуства во кои не само што ќе можат да сонуваат, туку и да си ги исполнат соништата. Тоа ме исполнува повеќе од која било премиера, филм или улога“ – објаснила таа.

На младата верзија од себеси, би ѝ дала еден совет:

„Не грижи се премногу за она што го зборуваат луѓето, биди она што си. Не се обидувај да задоволиш никого, не се труди некој да те прифати, прифати се себеси и цени се“ – рекла „Руби“.

Барбара Мори Барбара Мори Барбара Мори

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.