Кандидатот за потпретседател на САД, Џејмс Венц, даде навредлив коментар за жените кои немаат деца, алудирајќи на прво место на Камала Харис.
Во старо интервју за Fox News, Венц изјави дека САД се контролирани од „бездетни жени со мачки, кои имаат мизерен живот и сакаат да го направат мизерен и остатокот од државата“.
Слушајќи ја оваа изјава на Венц, Џенифер Анистон била згрозена од неговите зборови и одлучи јавно да возврати преку социјалните мрежи.
Не е тајна дека Анистон со години се обидувала да има свои деца, но неуспешно.
„Навистина не ми се верува дека ова доаѓа од потенцијален потпретседател на САД. Сè што можам да речам е: ‘Господине Венц, се молам вашата ќерка да е доволно среќна да износи свои деца еден ден. Се надевам дека нема да треба да користи инвитро како втора опција. Бидејќи се обидувате да ѝ го одземете и тоа право’“ – стои во објавата на Анистон.
Видео од интервјуто:
Jennifer Aniston, who rarely makes political statements, responds to @JDVance’s comments about “childless cat ladies who are miserable at their own lives.”
— Yashar Ali (@yashar) July 25, 2024
“I truly can't believe this is coming from a potential VP of The United States. All I can say is...Mr. Vance, I pray that… pic.twitter.com/oNOJw3xtY0
Во 2022 година, Анистон за првпат се отвори за неплодноста и неуспешните обиди за инвитро.
„Се обидував да забременам. Патот кон правење бебе беше предизвикувачки за мене.“
„Сите тие години и години и години шпекулации... Беше многу тешко. Поминав низ инвитро, пиев кинески чаеви... Би дала сè ако некој ми речеше: ‘Замрзни си јајце-клетки. Направи си услуга’. Едноставно не мислев на тоа. Па, еве сум денес. Бродот исплови“ – рекла тажно Анистон.
Џејмс е член на Републиканската партија, па со оваа негова изјава ги навредува членовите на Демократската партија кои немаат свои деца, а имаат улога во водењето на државата.
Камала е маќеа на двете деца на нејзиниот сопруг, додека Венц има три деца со својата сопруга. По повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка, Камала стана новиот кандидат за претседател на САД и ќе се бори со Доналд Трамп за претседателската фотелја.