Андријана Јаневска постигна голем успех со кој се гордее. Македонската пејачка сподели дека го освои првото место на натпревар од САД и беше избрана за Најдобра пејачка.
„Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!“ – напиша Јаневска во описот на фотографиите на кои позира со својата награда.
Сузана Турунџиева ѝ честиташе на својата колешка за добиеното признание.
„Браво, браво Андријана Јаневска,нека чуе целиот свет каков музички потенцијал има во Македонија“ – напиша таа споделувајќи ја објавата на Јаневска.
Андријана доби честитки и од други нејзини колеги, меѓу кои Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски и Никола Мицевски.
Андријана деновиве освојува со изведбата на „Ми заплакало селото Ваташа“ заедно со Игор Џамбазов за проектот „Македонијо во срце те носиме“.