Андријана Јаневска ги разнежува своите обожаватели со новата песна „Летај“.
Македонската пејачка ја посвети емотивната балада на својата покојна мајка Нада.
„Песната ЛЕТАЈ е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста“ – пишува Јаневска на Facebook.
Posted by Andrijana Janevska on Sunday, January 15, 2017