Турскиот заводник Кенан Имирзалиоглу стапи во брак со својата сакана, актерката Синем Кобал.
На свадбената церемонија, која се одржа во саботата во хотелот „Ортунч“ на островот Џунда, присуствуваа околу 300 гости. 28-годишната невеста носеше венчаница од турската дизајнерка Тувана Бујукчинар, додека 41-годишниот младоженец беше облечен во смокинг.
Кенан и Синем го одиграа првиот свадбен танц на песната „Fly Me to The Moon“. Во текот на денот, актерите одделија дел од своето време за новинарите. Пред нив, Имирзалоглу призна дека е многу среќен.


























Познатите турски актери Берѓузар Корел, кај нас позната како „Фериде“, шармантниот Бурак Озџевит и неговата свршеница Фахрије Евџен (Неџла), Џансу Дере и Киванч Татлитуг се само дел од славните гости кои присуствуваа на свадбата на Кенан и Синем.















