Тиш Сајрус и Доминик Персел се заколнаа на вечна љубов на интимна церемонија во домот на нејзината ќерка Мајли Сајрус во Малибу.
Списанието „Вог“ објави дел од официјалните свадбени фотографии на кои среќната невеста блеска во две венчаници.
Тиш признала дека не можела да одлучи која од двете венчаници да ја избере и затоа одлучила да ги носи двете. „Всушност, не можев да одлучам која венчаница да ја носам, па ги носев двете. Фустанот кој го носев на церемонијата беше најромантичниот кој го имам видено. Ме потсетуваше на мене. Најважно од сè, правеше да се чувствувам како кога сум со Доминик: убава“ – изјавила таа.
Тиш позираше со своите три деца, Мајли, Трејс и Бренди.
Тиш и актерот од „Prison Break“ се верија во април оваа година, а започнаа да се состануваат во јули минатата година.