Перо Антиќ денес го слави својот 42-ри роденден.
За да го одбележи овој значаен ден, неговата девојка Сања Ристиќ објави заеднички љубовни фотографии.
„Среќен роденден на најпрекрасниот маж“ – напиша таа на објавата на Instagram Story.
Перо и Сања се во врска нешто повеќе од една година. Македонскиот кошаркар претходно беше во брак со Ружица Максимовска со која има три деца, додека Сања има две синчиња со поранешниот сопруг – ракометарот Дејан Пецаковски.