Дизајнерското портфолио на Сара Џесика Паркер расте. Ѕвездата од „Sex and the City“ ја креираше својата прва колекција накит и секако, самата ги претстави луксузните блескави парчиња накит со фотосесија.
Колекцијата е резултат на соработката меѓу 51-годишната актерка и лондонската дизајнерка на накит Кет Флоренс. „Првично разговаравме со Сара Џесика за таа да биде заштитно лице на нашиот бренд, но потоа одлучивме дека ќе биде подобро ако преминеме на партнерство и ако направиме заштитното лице да биде дел од нашата компанија“ – изјавила Флоренс.
За црно-белите фотографии заслужен е Питер Линдберг.








