„Marie Claire“ ја покани Сара Џесика Паркер да биде дел од новото издание на списанието. Популарната актерка шармираше пред фото-објективот на Микеланџело Ди Батиста за едиторијалот за кој врвни брендови позајмија свои креации.
На насловната страница, 51-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ со широка насмевка позира во фустан од Гучи.

Во интервјуто за списанието, Паркер зборуваше за феминизмот и своите деца.
„Не сум феминистка. Сметам дека не сум квалификувана. Верувам во жените и верувам во еднаквост, но сметам дека има толку многу нешта кои треба да се направат, што не сакам да ги делам повеќе. Уморна сум од поделба. Само сакам луѓето да бидат третирани еднакво“ – изјавила Паркер.

Паркер додала и дека сака нејзините деца да пораснат во љубопитни личности: „Очајно сакам моите деца да бидат љубопитни. Единствено што сакам е да бидат среќни и љубопитни“ – вели таа.
