Синчето на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни две години.
Македонскиот пар организираше забава покрај базен за славеникот Кирил, кој дувна свеќички на тортата со мотори.
„2 години неверојатност и медови, отклучени нови левели на љубов, милост, слаткотија…Јас ова дете да го опишам не можам, не постојат зборови за неговата неверојатност… Он е нова магија!“
„Фала ти сине што нè запозна со нови левели на топење од љубов“ – напиша Сара.
На фотографиите, Сара и Димитар позираат со Кирил и нивната ќерка Илина.