Свадбеното видео на Кристина Николовска и Филип Филиповски на визуелно атрактивен начин ја сумира еуфоријата и радоста од нивниот специјален ден.
Петминутното видео, кое е дело на талентираниот тим на Зага Продукција, е низа од моменти кои зборуваат за љубовта на младенците.
Рокерскиот стил на парот му дава уникатност на видеото во кое се слуша баладата „A Sailorman's Hymn“ од Kamelot.
Убавата невеста облечена во венчаница од MCouture блеска покрај својот избраник Филип, братот на близнаците Стефан и Мартин од групата Next Time.