Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Српско-индиска свадбена приказна во македонска продукција

ВИДЕО: Српско-индиска свадбена приказна во македонска продукција

Свадбеното видео на Ивана и Рупеш ги овековечува нивните први чекори во брачниот живот и останува како незаменлив спомен за најдрагоцените мигови од нивната љубовна бајка.

Визуелниот доказ за швајцарската свадба на Ивана (Србија) и Рупеш (Индија) го обезбедија македонските професионалци Бојан и Далибор Митковски од Зага Продукција, на огромна радост на заљубените младенци.

Среќната невеста со задоволство го опишува моментот на првата средба на Циришко Езеро. „Изгрејсонцето секогаш изгледа прекрасно над Циришкото Езеро, едноставно ти го одзема здивот, посакуваш никогаш да не заврши. Со неколку пријатели отидовме на едрење на езерото и таму ги здогледав двете очи кои беа поубави од изгрејсонцето, одблесокот од езерската вода едноставно зрачеше од нив, тоа беа очите на Рупеш. Уште пред да се запознаеме официјално, длабоко во нас знаевме дека тоа е тоа. Така почна сè. Веќе следниот викенд ме однесе на едрење на изгрејсонце, а по една година закажавме свадба“ – вели таа.

Потрагата на Ивана и Рупеш по идеалните свадбени фотографи била кратка и ги однела до Зага Продукција и убавините на Македонија. „Почнавме со подготовките за свадбата и пребарувајќи на интернет видов еден линк исто така од свадба во Швајцарија и веднаш знаев кој ќе ни ја раскаже нашата приказна со фотографии и видео. Кој би поверувал дека тоа студио доаѓа токму од Македонија? Потоа ги разгледав сите видеа на Зага Продукција и решивме дека барем еднаш во животот ќе одиме во Македонија, земјата изгледа прекрасно во нивните видеа“ – раскажува Ивана.

Погледнете ја свадбената сторија „Come Alive“.

Видеата на Зага Продукција секогаш наидуваат на многу комплименти и привлекуваат обожаватели од целиот свет. Неодамна нивното видео „Tattoo Love Story“ за приказната на Емилија и Горан надмина 100.000 прегледувања на Vimeo.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.