Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Свадбено видео на Зага Продукција повторно меѓу најдобрите во Европа

ВИДЕО: Свадбено видео на Зага Продукција повторно меѓу најдобрите во Европа

Македонско свадбено видео повторно се најде на листата на најдобрите во Европа, благодарение на експертите од Зага Продукција.

Видеото на Зага Продукција, посветено на љубовната приказна на Маја и Јован, беше наградено од Европската асоцијација на видеографи на настани (EEVA) во категоријата „Best Pilot 2014“. Македонските професионалци го освоија второто место за најдобро користење на професионална опрема како дронови, слајдери, триподи и сл.

Живописното видео „Where have you been“ ги следи младенците Маја и Јован и во најдобро светло ги прикажува убавините на Охрид и Охридското Езеро.

EEVA

Со цел да го одбележи завршувањето на уште една успешна година, Зага Продукција неодамна го објави и видеото „Magnificent Frames“, во кое се прикажани фасцинантни кадри кои креативната компанија ги има снимено на локации низ целиот свет.

Во своето долгогодишно постоење, Зага Продукција им го има збогатено најубавиот ден од животот на многубројните клиенти со прекрасни визуелни спомени. Компанијата основана од Бојан и Далибор Митковски стои зад незаборавните свадбени видеа и албуми на илјадници младенци од целиот свет.

Ова не е првпат во нивни раце да заврши награда на EEVA. Со видеото „The Goddess and her Soulmate“ тие ја освоија првата награда во категоријата „The Best Walk 2013“.

Исто така, Зага ја прими наградата „Best Love Story 2011“ од EEVA за свадбено видео снимено во близина на Скопје.

Со сигурност може да се каже дека допрва ќе слушаме уште многу за успесите на тимот на Зага Продукција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.