„Divine Love“ е новото дело на Зага Продукција кое раскажува нереална љубовна приказна во неповторливиот Истанбул.
Шармот на турската метропола и духот на нацијата се претставени во краткото видео коешто ќе ве искушува да не трепнете.

Видеото било снимено во рамките на работилница по свадбена кинематографија која пред една недела се одржа во Истанбул. Предавачи на работилницата беа Бојан и Далибор Митковски, експертите кои стојат зад Зага Продукција, а во чии раце имаат завршено бројни меѓународни награди и признанија.
Идејата и сценариото за „Divine Love“ се на Бојан, кој вели дека по ова видео многу работи ќе се променат во Турција во сферата на свадбената кинематографија.