Ријана го поддржа Ејсап Роки на доделувањето на наградите Footwear News Achievement Awards.
36-годишната пејачка со впечатлив стил мамеше погледи додека покрај неа позираше 35-годишниот рапер.
Белата креација на Ријана е дело на модната куќа Alaïa, а таа ја искомбинира со сандали од Manolo Blahnik.
На настанот, Ејсап ја доби наградата Соработка на годината, за колекцијата која ја креираше со брендот Puma.