Ријана е ѕвездата од новото издание на „CR Fashion Book“, посветено на контроверзната и неразбраната хероина – Марија Антоанета.

„Гледајќи на животот и времињата во кои живееше Марија Антоанета, започнуваме да гледаме аналогии меѓу неа и славните жени на денешницата. Кој друг е следен поопсесивно и со поголема желба од нашите модерни поп ѕвезди? Ријана е сакана, додека Марија Антоанета не беше, но таа го споделува со кралицата она однесување без извинувања кои инспирира и фасцинира. Таа го вели она што сака да го каже, го пуши она што сака да го пуши и го носи она што сака да го носи, а тоа ја прави икона на автентичноста во ера на калкулирана, обмислена слава“ – пишува Карин Ројтфелд, главната уредничка на списанието.

Ријана позираше пред објективот на контроверзниот фотограф Тери Ричардсон. На една од фотографиите таа носи проѕирен фустан додека во рацете држи мало бебе.
