Ријана и Ејсап Роки беа гости на доделувањето на Британските модни награди во Лондон.
36-годишната пејачка зачекори на црвениот тепих во впечатлив стајлинг и го украде целото внимание. Музичката ѕвезда носеше тесен корсет и сина бунда, а својот изглед го зачини со голем крзнен шешир.
На манифестацијата, Ејсап се закити со наградата Cultural Innovator.