Рис Витерспун и Џим Тот се разведуваат по 12 години заеднички живот.
47-годишната актерка и 52-годишниот агент преку соопштение за јавноста објавија дека ги продолжуваат животите по различни патишта.
„Имаме лични вести за споделување. Со голема грижа и размислување донесовме тешка одлука да се разведеме. Уживавме во толку убави години заедно и продолжуваме напред со длабока љубов, грижа и взаемна почит за сè што заедно создадовме. Наш најголем приоритет е нашиот син и целото наше семејство додека се движиме во поглавјето кое следува. Овие нешта навистина не се лесни и се исклучително лични. Навистина ќе ја цениме почитта од сите вас за нашето семејство во овој период“ – стои во нивното соопштение.
Рис и Џим се заедно од 2010 година, а стапија во брак на 26 март 2011 година. Нивниот син се роди во септември следната година.
Рис претходно беше во брак со Рајан Филипе со кого има уште две други деца.