Празниците донесоа многу свршувачки во Холивуд. И Рис Витерспун реши да му каже „да“ на своето момче Џим Тот.
„Рис и Џим започнаа врска во јануари оваа година, но многу брзо сфатија дека се еден за друг“ – честопати споделуваа нивни блиски.
„Тие се екстремно среќни“ – изјавил претставник на Рис за списанието Us Weekly.
А што е најважно, Џим одлично се согласувал со двете деца на Рис од нејзиниот брак со Рајан Филипе.
34-годишната актерка и Рајан се разделија во 2006-та по 7 години брак.