Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рис Витерспун и Џим Тот стапија во брак

Рис Витерспун и Џим Тот стапија во брак

Рис Витерспун и Џим ТотРис Витерспун и Џим Тот

Само неколку дена откако го прослави својот 35-ти роденден, Рис Витерспун го кажа и судбоносното „да“. Младоликата оскаровка вчера стапи во брак со 40-годишниот Џим Тот.

Парот, кој ја објави свршувачката во декември минатата година, се венча на имотот на Витерспун во Охај, Калифорнија. Русокосата актерка носела венчаница од Monique Lhuillier, а чекорела до олтарот на традиционалната песна „Here Comes the Bride“.

Во рамките на романтичната церемонија биле пуштени 80 бели гулаби откако Рис и Џим си кажале „да“.

На свеченоста биле присутни двете деца на Рис од нејзиниот брак со Рајан Филипе, Ава и Декон, како и нејзини колеги од шоу-бизнисот – Рене Зелвегер, Алиса Милано, Селма Хајек, Шон Пен со Скарлет Јохансон и Роберт Дауни Џуниор.

Блиски на младоженците тврдат дека тие се совршен пар. „Тој е многу самоуверен маж кој се грижи за неа“ – изјавил пријател на Тот.

Ова е втор брак за Витерспун. Нејзиниот прв брак со Рајан Филипе траеше 7 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.