Рис Витерспун вчера доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 34-годишната русокоса актерка го прими признанието со огромна насмевка на лицето, а друштво ѝ правеа нејзините две деца – ќерката Ева и синот Дикон.
Рис на церемонијата носеше фустан од Долче и Габана, обувки од Џими Чу и накит од Бочик.