Актерката Зои Салдана доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
На церемонијата во Лос Анџелес, 39-годишната ѕвезда од „Avangers: Infinity War“ беше придружувана од трите мали синчиња и сопругот Марко Перего. Стајлингот на Зои се состоеше од фустан и сандали од брендот Miu Miu.
На црвениот тепих, гордата актерка позираше со 3-годишните близнаци Сај и Боуви, 16-месечниот Зен и саканиот, на кој во својот говор му се заблагодари што ја охрабрува да го прави она што го сака.
„Ти ми си сè. Секој ден ме потсетуваш да го ценам животното патување. Ме одржуваш приземна. Ми помагаш да забавам со темпото кога ми треба пауза. Ми ја одржуваш желбата да создавам уметност. Ти си гласот во моето срце кој ми вели да си го подобрам животот, да го сакам она што го правам и да го правам она што го сакам. Ти благодарам“ – изјави таа.
„Но, знаеш ли што ме усреќува најмногу секој ден кога ќе се разбудам? Трите ремек-дела што ги создадовме, Зен, Сај и Боуви“ – додаде Зои.
Во публиката беа и Мила Кунис и Ештон Кучер.
На Instagram Зои сподели албум со фотографии од настанот, а во описот им се заблагодари на сите што ја поддржаа за време на церемонијата.