Адам Сандлер вчера доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 44-годишниот актер, кој долги години мами насмевки од верната публика, се појави на церемонијата со неговата сопруга Џеки и двете ќеркички.
„Аплауз за моите деца кои сега покажуваат дека не можам да ги контролирам“ – се пошегувал Адам, додавајќи дека тоа што ја сретнал сопругата и што создал семејство со неа било најубавото нешто во неговиот живот.