Џенифер Анистон и Дејвид Швимер се обединија за новата рекламна кампања на „Uber Eats“. Во видеото, кое ќе се прикажува на Супер Боул, ѕвездите од хит-серијата „Пријатели“ имаат необична средба.
Анистон, која ја глумеше Рејчел, комплетно го заборавила Швимер (Рос), иако 10 години работеа заедно на снимањето на „Пријатели“.
„Се знаеме од некаде?“ – му вели Џенифер на Дејвид откако тој ќе се обиде да ја поздрави со бакнеж и прегратка. „Работевме заедно 10 години“ – ѝ појаснува тој, но Анистон никако не може да се сети на него.
Погледнете го нивниот интересен разговор во рекламното видео:




Рејчел и Рос се еден од омилените љубовни парови од телевизиските серии.

