Мадона ненајавено се појави на премиерата на „Deadpool & Wolverine“ во Њујорк.
65-годишната легендарна пејачка ретко присуствува на јавни настани со своите деца, но сега одлучи со себе да ги поведе близначките Стела и Естер. На црвениот тепих, Мадона позираше заедно со 11-годишните ќерки и со ѕвездите од филмот Рајан Рејнолдс и Хју Џекман.
Песната на Мадона „Like a Prayer“ беше искористена во филмот, а Рајан лично отишол во нејзиниот дом за да ја убеди да им дозволи да се користи песната.
„Имаше лична посета кај Мадона, на која ѝ покажавме каде ќе се искористи песната. Беше голема работа да го бараме тоа од неа, а уште поголема да ја искористиме песната“ – рекол Рајан.
Мадона е мајка на шест деца.