Љубимецот на многу жени низ светот, Рајан Филипе, го покажа своето убаво обликувано тело во фотосесија за мајското издание на списанието Men's Health.
Освен стомачните мускули, Рајан откри и многу детали за неговиот живот, меѓу кои и тоа дека сè уште е тажен за неговиот развод со актерката Рис Витерспун.
“
Сè уште имам тага и комплицирани чувства за мојот развод. Но, колку корисно е да се држам за тие чувства? Ако некој доживее несреќа, тој цели после тоа да биде подобар и поздрав. Мојата цел е секогаш да напредувам – да донесувам подобри одлуки и да бидам подобар татко, момче, подобар сопруг ако се случи повторно.
Во врска со неговото тело кое што очигледно е во топ форма, Рајан изјавил: „Сакам да се чувствувам силен... Сакам да ги фрлам моите деца во воздухот и да се борам со нив.“