Времето како да застанало за Рајан Филипе. Холивудскиот заводник им го привлекуваше вниманието на обожавателките на специјално прикажување на третата сезона од серијата „Shooter“ во Сан Диего, Калифорнија.
Пред настанот, 43-годишниот актер позираше пред фоторепортерите и се фотографираше со своите фанови. Третата сезона на „Shooter“ започна да се прикажува на ТВ вчера.
Трејлер за третата сезона на „Shooter“
Рајан стекна најголема слава со улогите во филмовите „I Know What You Did Last Summer“и „Cruel Intentions“, во кој глумеше покрај својата тогашна свршеница Рис Витерспун.
Парот стапи во брак во 1999 година и има две деца, ќерката Ава и синот Декон. Во ноември 2006 година, Рис поднесе документи за развод.
Рајан често споделува фотографии од своите деца и од својот личен живот на Instagram.