Рафаел Надал се пензионира од тенисот. 38-годишниот тенисер го одигра последниот турнир во неговата богата кариера и ќе замине во пензија веднаш по учеството на овогодишниот Дејвис Куп.
На овој важен меч против Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшлуп, славниот спортист ја доби поддршката од своето семејство. Неговата сопруга Марија Франциска Перељо и нивното 2-годишно синче Рафаел го следеа натпреварот од трибините.
По завршувањето на мечот, Рафаел не можеше да си ги задржи солзите кога доби громогласен аплауз и овации.
Rafa fore#DavisCup #Rafa #GraciasRafa pic.twitter.com/mX6OL2omzS
— Davis Cup (@DavisCup) November 19, 2024
Gracias Rafa, for everyth#DavisCup #GraciasRafa #Rafa pic.twitter.com/zpoenLcXel
— Davis Cup (@DavisCup) November 19, 2024
Во публиката беше и неговата сестра Марија Изабел Надал.