Колку голотија е премногу?
Ники Минаж се потруди да не остане незабележана на Париската недела на модата. Популарната раперка се појави на шоуто на Хајдер Акерман во креација која буквално ја разголи нејзината лева града.
34-годишната музичка ѕвезда седеше во првиот ред на ревијата на колумбискиот дизајнер.









Со својот смел стајлинг, Минаж наиде на многу негативни критики дека ги премина границите на вулгарноста, а веднаш се роди и теоријата дека таа се инспирирала од провокативниот изглед на Лил Ким на MTV VMA во 1999 година.

Сепак, Ники преку Instagram објасни дека се инспирирала од слика на Пикасо.