Ники Минаж ќе стане мајка. Славната раперка ја сподели веста со фановите со трудничка фотосесија. Големото трудничко стомаче говори дека Минаж е во напредна фаза од бременоста.




Минатата година, 37-годишната музичарка се омажи за Кенет Пети со кого го очекува првото дете.

Неодамна Ники зборуваше за брачниот живот во интервју за People. „Кога имаш некој кој го чувствуваш како сродна душа или некој кој те разбира, тоа прави да се чувствуваш како да си на врвот на светот“– рече таа.
Нејзината врска со Кенет крена многу врева поради неговото минато. Имено, тој беше осуден за обид за силување во 1995 година.