Екстремно високите штикли се покажаа како проблематични за Мараја Кери. Музичката дива имаше мал моден инцидент на промотивен настан на NBC.
Додека се движеше покрај своите телохранители, едната обувка ѝ излезе од стапалото на Мараја, а таа ја изгуби рамнотежата и за малку не заврши на земја.







За настанот во Њујорк, 46-годишната ѕвезда носеше мини фустан од Балман, мрежести хулахопки и чевли од Кристијан Лобутин. За стајлингот таа доби многу негативни критики.









