Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер вчера склучија брак во градското собрание во Венеција, а денешниот ден го резервираа за венчавка во црква и голема прослава со блиските пријатели и роднини.
Славниот пар беше фотографиран пред и по завршувањето на црковната церемонија во атрактивниот италијански град.
Невестата изгледаше како модерна принцеза во бел елегантен фустан со класична силуета и корсет со богата тектура.





































#wedding @BSchweinsteiger @AnaIvanovic pic.twitter.com/NiPeLiTvBW
— Kai Psotta (@KPsotta) July 13, 2016
28-годишната тенисерка и 31-годишниот фудбалер вчера и официјално станаа сопруг и сопруга. За таа специјална пригода, Ана носеше едноставен фустан со карнери од брендот Parker, кој чини 270 евра.








Убавата Србинка и познатиот Германец се во врска од септември 2014 година.