Синчето на Рафаел Надал со големо внимание го следеше натпреварот во кој татко му и Карлос Алкараз ги совладаа Максим Гонзалез и Андрес Молтени во двојки.
На тенискиот меч, 22-месечното детенце со мајка си Марија од трибините го гледаше татко си како игра, а во еден момент ги имитираше неговите движења со мини рекет.
Фотографии од моментот сподели и сопругата на Надал.
На церемонијата на отворањето на Олимписките игри, Рафаел беше фотографиран со синчето, кое го носи неговото име.