Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Преслатко: Синчето на Рафаел Надал си игра со мини тениски рекет на тренингот на татко си

Преслатко: Синчето на Рафаел Надал си игра со мини тениски рекет на тренингот на татко си

По речиси едногодишна пауза поради повреда, Рафаел Надал имаше успешен кам-бек во Бризбејн, Австралија.

На АТП турнирот, 37-годишниот тенисер ја има најслатката поддршка од неговата сопруга Марија Франциска Перељо и од нивното едногодишно синче, кое носи исто име како татко си. Марија и слаткото момче беа фотографирани на трибините додека го гледаа Рафаел како тренира за претстојните натпревари.

Малиот Рафаел си играше со мини тениски рекет, а фотографиите го привлекоа вниманието на јавноста.

Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал

Претходно, хит стана видео во кое Надал оди за рака со малото момче.

@rafaelnadalfans Rafa Nadal Junior #babyrafa #rafaelnadal #rafanadal #nadal #atp #tennis ♬ Cool Dad - Super Siah

Рафаел и Мери започнаа да се состануваат во 2005 година, кога тој имаше 19 години, а таа 17. Тие стапија во брак во октомври 2019 година, а нивното синче Рафаел се роди на 8 октомври 2022 година.

Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.