Една година откако ѝ се извини на девојката Бруна Бјанкарди што ја изневери во бременоста, Нејмар заедно со неа направи крштевка за ќеркичката Мави.
32-годишниот фудбалер и 30-годишната инфлуенсерка споделија фотографии и видео од прославата со роднините и пријателите, која се одржа во Саун Пауло, Бразил. Среќните родители и 8-месечното девојче беа облечени во бела облека за црковната церемонија.
Малата Мави изгледа преслатко.
Бруна и Нејмар јавно ја објавија врската во јануари 2022 година, а ја добија Мави вo октомври 2023 година.
Минатото лето, Нејмар беше мета на многу критики откако јавно призна дека ја изневери Бруна додека таа беше бремена. Тој ѝ се извини во пост на Instagram.