Рустичен луксуз владее во спалната соба на Џесика Алба. Славната актерка покани тим од дизајнери да ѝ помогне во реновирањето на спалната соба во семејниот дом во Лос Анџелес.
Фотографиите од пред и по реновирањето покажуваат како идејата на Алба за „функционална, комфорна и спокојна“ спална соба стана реалност.
Егзотични детали ѝ даваат на просторијата колорит, а сепак не ја нарушуваат релаксираната атмосфера. „Секогаш ги користам патувањата како извор на инспирација“ – изјавила Алба за електронското списание Domaine и дополнила дека неодамнешното патување во Истанбул имало огромно влијание врз финалниот изглед на спалната.
Алба минатата година ги отвори ширум вратите на својот прекрасен дом.