Сер Мајкл Гамбон замина во легендите.
Актерот, кој го глумеше професорот Дамблдор во филмовите за Хари Потер, издиша за последен пат на 82-годишна возраст по боледување од пневмонија.
Гамбон ја започна актерската кариера на театарската сцена во раните 60-ти години, а подоцна премина во филмската индустрија. Тој неретко беше наградуван за својата работа, а во 1999 година, беше одликуван со орденот „Витез“ од кралицата Елизабета II.
Други негови позначајни улоги се во филмовите „The Cook, the Thief, His Wife & Her Lover“ (1989), „The Wings of the Dove“ (1997), „The Insider“ (1999), „Gosford Park“ (2001), „Amazing Grace“ (2006), „The King's Speech“ (2010), „Quartet“ (2012) и „Victoria & Abdul“ (2017).