Новак Ѓоковиќ го користи периодот меѓу тениските турнири Вимблдон и US Open за да помине квалитетно време со својот син Стефан.
29-годишниот тенисер беше фотографиран од шпанските папараци додека се релаксираше со својот едногодишен син, братот Марко и пријатели на плажа во Марбела, Шпанија.














Машкиот дел од семејството Ѓоковиќ беше „уловено“ и на тениско игралиште.





Лицето на Стефан е цензурирано поради желбата на Ноле и Јелена да го заштитат своето дете.
Пред три недели, Ѓоковиќ сподели фотографија на која тој и Стефан возат велосипеди, а во описот напиша: „Родители од целиот свет, ве слушам! Ова е најубавата и најтешката, но најважна задача која ја имаме во нашиот живот. Благодарен сум што можам да ги чувам овие моменти засекогаш“.
