Тамара Тодевска секогаш има поддршка од своето семејство. 34-годишната пејачка синоќа се закити со две Златни бубамари, а најблиските беа покрај неа за да ја споделат радоста.
Во публиката, Тамара седеше заедно со ќеркичката Хана, мајка си Брана и сестра си Тијана.
Тијана ја снимаше Тамара додека излегуваше на сцената, а потоа како горда сестра, објави видеа на Instagram.
Тамара беше прогласена за Пејачка на годината, а нејзината евровизиска песна „Proud“ беше избрана за Хит на годината.
Тијана излезе на сцената и пееше и танцуваше заедно со екипата од серијата „Преспав“, која беше избран за Најпопуларен ТВ проект.