Синоќа, во Лос Анџелес беа доделени Греми наградите. На 63-тото издание од престижната манифестација беа наградувани најдобрите во музичката индустрија за годината која измина и која многумина посакуваат никогаш да не се повтори.
Тревор Ноа влезе во улогата на водител.
Били Ајлиш стана првиот солист овој век кој двапати по ред ја има освоено наградата Запис на годината со „Everything I Wanted“. 19-годишната пејачка доби златен грамофон за Најдобра песна напишана за визуелен медиум за „No Time to Die“.
Тејлор Свифт ја имаше честа да ја заземе челната позиција во категоријата Албум на годината за „Folklore“.
Бијонсе стана најнаградувана пејачка во историјата на Греми откако го присвои 28-миот златен грамофон. 39-годишната пејачка победи во категориите Најдобра R&B изведба за „Black Parade“, како и Најдобра рап изведба и Најдобра рап песна за „Savage“.
Албумот на Дуа Липа „Future Nostalgia“ стана Најдобар поп албум, додека за Најдобар кантри албум беше прогласен „Wildcard“ на Миранда Ламберт.
За Песна на година беше избрана „I Can’t Breathe“ на H.E.R..
Хари Стајлс го присвои златниот грамофон за Најдобра соло поп изведба за „Watermelon Sugar“. Наградата за Најдобра поп изведба на дуо/група заврши во рацете на Лејди Гага и Аријана Гранде за „Rain On Me“.
Целосната листа на номинирани и добитници на Греми можете да ја погледнете тука.