Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Плачам додека го пишувам ова“: Џесика Алба со слатка порака за 16-тиот роденден на ќерката

„Плачам додека го пишувам ова“: Џесика Алба со слатка порака за 16-тиот роденден на ќерката

Поголемата ќерка на Џесика Алба наполни 16 години.

43-годишната актерка не пропушти да го одбележи специјалниот датум кога стана мајка. На социјалните мрежи, Алба сподели видео составено од стари снимки и кадри од нејзината ќерка Хонор.

Хонор Хонор Хонор Хонор

Во описот, таа напиша:

Моја слатка 16-годишна Хонор.

Плачам додека го пишувам ова. Најнежното чувство на светот е да бидам твоја мајка. Твојот сладок, но мудар карактер од првиот ден дозволува да ти бидат блиску само оние на кои им веруваш. Тоа е инспиративно... Можеш да ги намирисаш лажните луѓе како никој друг. Љубезна си и се грижиш за сите околу тебе. Ја имаш развиено таа неверојатна способност да им помагаш на другите без да се вовлекуваш во драма и си рамото на кое сметаат многумина.

Со татко ти сме горди што го избираш она што е правилно, а не она што е кул, што го поставуваш менталното здравје над сè останато и што непоколебливо ги следиш соништата... Ти ме избра да ти бидам мајка девојченце и тоа ми е најголемиот дар, ангелу мој. Те сакам повеќе отколку што може да се искаже со зборови. Пребрзо растеш за мене, но не можам да бидам погорда.

Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор Хонор

Хонор е ќерка на Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен. Тие имаат уште две други деца, 12-годишната Хевен и 6-годишниот Хејс.

Хонор Хонор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20962 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.