Искреноста е неразделен дел од имиџот на Пинк, па поп-ѕвездата не ја заобиколи вистината и за својата тежина и ставот кон вагата.

37-годишната пејачка, која во декември го роди второто дете, објави фотографија од свој тренинг и инспиративна порака за постпородилното тело и стандардите за дебелина.
„Би поверувале ли дека имам 73 килограми на висина од 1,6 метри? Според регуларните стандарди, тоа значи дека сум дебела. Знам дека ја немам стигнато мојата цел и дека не сум ни приближно блиску по Бебето 2, но по ѓаволите, не се чувствувам дебела. Се чувствувам само како себеси. Стојте подалеку од вагата, дами! – пишува таа.
Пинк е мајка на 5-годишната Вилоу Сејџ Харт и 3-месечниот Џејмисон Мун Харт.


