Пејачка, која дефилираше на ревијата на L'Oréal во Париз, се сопна и падна на пистата.
Додека самоуверено чекореше на ревијата на високи потпетици, Белинда Перегрин изгуби рамнотежа и се струполи, но стана и продолжи како вистински професионалец. 35-годишната Мексиканка доби помош за да се исправи од својата колешка Анита.
По случката, таа се огласи на социјалните мрежи:
„Не е важно колку пати ќе паднеш, важно е како ќе станеш“.
„Никогаш не замислував дека најиконскиот момент во мојот живот ќе биде ваков“ – напиша таа во описот на видеата.