Петар Грашо и Хана Хуљиќ станаа родители. Славните Хрвати добија ќерка која ќе го носи името Алба.
31-годишната музичарка се породила со царски рез во Сплит. И мајката и бебето биле во добра здравствена состојба.
„Сè помина во најдобар ред. Бебето е тешко 3100 грама и долго 50 сантиметри. Се роди здрава и весела, а мајката се чувствува добро“ – рекла претставничка на Грашо за медиумите.
Петар и Хана се долгогодишни пријатели, но нивното познанство премина во романса откако тој ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.
Парот стапи во брак во февруари годинава.