Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе запливаат во родителските води.
Идната мајка ја потврдила среќната вест за „Jutarnji list“: „Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“.
Хрватските медиуми откриваат дека Хана е во 12-та недела од бременоста и дека ќе се породи налето.
45-годишниот пејач и 31-годишната музичарка и артистка се едни од најпопуларните парови на хрватската сцена во моментов и привлекуваат огромен интерес иако се заедно само неколку месеци.
Нивното долгогодишно познанство премина во романса кратко време откако Петар ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.