Парис Хилтон вчера во судот во Лос Анџелес призна дека поседувала кокаин кога кон крајот на минатиот месец беше уапсена од полицијата. Со тоа свое признание таа избегна затворска казна и доби парична казна од 2000 долари и 200 часа добротворна работа.
Минатиот месец полицијата во Лос Анџелес ја уапси Парис Хилтон, откако при претрес од нејзината чанта паднала кесичка со кокаин. Но, 29-годишната старлета не се предаде лесно. Прво тврдеше дека чантата во која бил кокаинот не е нејзина. Подоцна пак реши да ја почести полицијата со уште повеќе лаги, тврдејќи дека кокаинот го помислила за гума за џвакање.
Инаку, тоа беше трето нејзино апсење ова лето. Во Јужна Африка за време на Светското првенство Парис беше уапсена за поседување на марихуана, но обвиненијата беа повлечени. Само две седмици подоцна, на Корзика беше пронајден канабис во нејзината чанта, но беше помалку од 1 грам, па кокетната Парис и тогаш избегна судење.