Војвотката Кетрин е бремена! „Војводата и војвотката од Кембриџ со огромно задоволство објавуваат дека војвотката од Кембриџ очекува бебе“ – соопштил претставник на палатата Сент Џејмс.
Утрово Кетрин била примена во болница во Лондон поради утрински мачнини и се очекува да остане таму неколку дена.
Сите членови на кралското семејство се пресреќни поради веста за бременоста.
Принцот Вилијам и Кетрин стапија во брак на 29 април 2011 година.