Само неколку дена по смртта на познатата пејачка Ејми Вајнхаус, од нејзиниот дом исчезнале некои од нејзините најлични предмети, како книги со текстови за песни, необјавен музички материјал и писма.
Таткото на Ејми, Мич Вајнхаус, верува дека некој близок познаник ги украл конкретните предмети, затоа што само 20 лица имале пристап до куќата.
Мич, кој во моментов е на семеен одмор за да може полесно да се справи со ненадејната смрт на Ејми, изјавил дека кога ќе се врати ќе направи сè што е можно за да ги врати личните работи кои неговата ќерка ги остави зад себе.
Исто така, менаџментот на Ејми не може да ја пронајде нејзината омилена гитара, како и текстовите за нејзиниот трет албум.
„Мич е подготвен да му даде шанса на оној што ги украл предметите да го направи правилното нешто и да ги врати назад“ – дополнил анонимниот извор.
Ејми Вајнхаус почина во својот дом на 27-годишна возраст. Сè уште не се познати точните причини за смртта.