Трилогијата „Господарот на прстените“ привлече огромно внимание кај светската јавност, а секој кој има гледано барем еден дел од филмот, сигурно се сеќава на суштеството Голум (Смигол) кое беше опседнато со моќниот прстен.

Енди Серкис е актерот кој стои зад гласот на Голум. 53-годишниот актер гостуваше во шоуто на Стивен Колберт, каде го употреби препознатливиот глас на Голум за да чита твитови на САД, Доналд Трамп.
ВИДЕО:
Серкис е познат и по улогите во филмовите „King Kong“, „Planet of the Apes“, „The Prestige“ и секако „The Hobbit“.


