Животната приказна на Џ. Р. Р. Толкин ќе биде раскажана на големото филмско платно.
Биографскиот филм „Tolkien“ го прикажува возбудливиот живот на познатиот автор и искуствата и случките кои му влијаеле при создавањето на неговите најпознати дела „Господарот на прстените“ и „Хобитот“.
Главните улоги им припаѓаат на Николас Холт, кој го глуми самиот Толкин, и Лили Колинс, која влегува во улогата на неговата сопруга Едит Мери Брет.
Премиерата е закажана за 10 мај оваа година.